Бегалците од граничниот камен кај Табановце се повлекоа во транзитниот центар (фото)

Сподели со своите пријатели

Бегалците од Сирија и Ирак кои со денови беа заглавени на граничната линија помеѓу Македонија и Србија се повлекоа во внатрешноста на ТЦ Табановце, информираат волонтери од овој бегалски центар.

image-edc7527376ee4ae86c523a83dff19cbe5465075d93b07e45a633922609f9ef8d-V

Loading...

Утринава на граничната линија се забележани само овластени лица задолжени да го исчистат граничниот појас, додека внатре во кампот според кажувањата на волонтерите, бегалците со мали шатори се повлечени во кампот, откако стотина од вкупно 437 бегалци, доброволно одлучиле да заминат во ПТЦ Гевгелија.

image-52a69710212e89f73b5cf3d4c491ce347a0b531983bee39f30b8a2de7d508078-V

Бегалците кои на почетокот на март пристигнаа во ТЦ Табановце со воз од Гевгелија се всушност последните бегалци кои стасаа до граничната линија пред затворањето на т.н Балканска рута, откако ЕУ одлучи да го ревидира движењето на бегалскиот бран и со тоа да донесе одлука за враќање на сите илегални мигранти назад во бегалските кампови во Турција кои ќе влезат на европско тло после 21 март.

image-70d1253a511688970580e720bc4af0584ee7f060c6a8601ed6c5c00dd4608a80-V

Во ТЦ Табановце во моментот престојуваат близу 1000 бегалци од Сирија, Ирак, Авганистан но и останати држави чии државјани се сметаат за економски мигранти.

И покрај преоптовареноста во транзитниот центар, волонтерите велат дека засега бегалците ја добиваат сета потребна грижа од страна на релевантните институции и невладини организации, во услови кога бегалците се уште не знаат кога и дали воопшто ќе можат да го продолжат својот пат кон Србија и ЕУ, или ќе бидат вратени во Грција од каде ќе бидат транспортирани назад во Турција.