Бебето кое загина во руски напад на породилиште имало само два дена

Сподели со своите пријатели

Бебето кое загина во руски напад на породилиште во градот Вилњанск имало само два дена, изјави украинската прва дама Олена Зеленска, пренесе Си-Ен-Ен.

Loading...

„Злосторствата на Руската Федерација се луди. Синоќа нападнаа породилиште во регионот Запорожје, беше убиено момче од два дена“, напиша Зеленска на Твитер.

„Болката е страшна. Никогаш нема да заборавиме, никогаш нема да простиме“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно го осуди нападот.

„Непријателите уште еднаш се обидоа да го постигнат она што не можеа да го направат девет месеци со терор и убиства“, рече тој.

Породилиштето било погодено од ракета С-300, соопшти Украинското обвинителство. „Бебето е убиено, а лекарот и акушерката се повредени. Во нападот се оштетени и приватни куќи“, соопшти обвинителството.

Обвинителството покрена истрага за прекршување на воените закони, вклучително и убиство со умисла, објавија на Телеграм.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.