13.08.2019 01:18

Бар: Сериозни неправилности во затворот во кој се уби милијардерот Епстејн


Американскиот државен обвинител Вилијам Бар вели дека имало сериозни неправилности во сојузниот затвор во кој бил Џефри Епстајн, а кој си го одзема жвотот додека го чекал судењето поради обвиненија за сексуална злоупотреба и подводување малолетници.

Бар на конференцијата во Њу Орлеанс рекол дека е лут бидејќи персоналот на федералниот затвор Метрополитан не успеал соодветно да го обезбеди овој затвореник.

loading...

– Сега испитуваме сериозни неправилности во овој објект кои длабоко се загрижувачки и бараат дртална истрага. ФБИ и генералниот инспекторат го прават тоа, рекол Бар и додал дека до детали ќе сеистражи што се случило и дека ќе има договорност.

Обдукцијата е завршена, но не е објавен начинот на кој Епстајн извршил самоубиство.

Епстајн бил под надзор поради сомнеж дека може да изврши самобуство откако бил пронајден во ќелијата со модринки на вратот.

Затворениците кои се под надзор 24 часа се под директно непрекинато набљудување, според политиката на американското Биро за затвори. Добиваат облека отпорна на солзи и се сместени во посебни ќелии во кои нема мебел и предмети кои можат да ги искористат за самоубиство.

Откако бил вратен во ќелијата, Епстајн требало стражар да го проверува на секои половина час, но тоа не било направено ноќта пред да се убие, пишува Њујорк тајмс повикувајќи се на анонимен извор од затворот.

Со смрта на милијардерот Епстејн прекинато е и неговото кривично гонење кое можеше да ги разоткрие сите негови активности и врски со познатите личности и претседатели.

Сепак, Бар се заколнал дека случајот ќе продолжи против секој соучесник во делото.

Финансиерот и милијардер беше обвинет за сексуална злоупотреба и подведување малолетници, а добро бил поврзан со многу моќни и богати луѓе, како американскиот претседател Доналд Трамп, претходниот Бил Клинтон, како и британскиот принц Ендрју.

loading...

© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments