„Бар Гладијаторс“ домаќини на првиот Street workout натпревар во Македонија

Сподели со своите пријатели

Тимот „Бар гладијаторс“ оваа лето ќе донесе нешто што во Македонија се уште се нема организирано, а тоа е Прв меѓународен Street Workout натпревар во Република Македонија.

Ситиот ќе се одржи во Куманово на 19-ти јуни во т.н. „Гладијатор Арена“, поточно малиот парк зад СОУ „Перко Наков“. Повеќе дисциплини и многу гости од земјава и странство се заинтересирани за учество на овој натпревар.

Пријавите можат да бидат по електронски пат, односно преку фан групата на тимот или на самиот ден на натпреварот од 10 до 11 часот.

Од „Бар гладијаторс“ велат дека веќе имаат подготвено седум дисциплини, а категориите кои ќе важат само за freestyle ќе бидат : под 18 години (18-) и над 18 години (18+), а за сите останати дисциплини нема да постојат ограничувања. Секоја дисциплина ќе се изведува без тежина, односно bodyweight.

Дисциплини во натпреварот ќе има и за припадничките на понежниот пол доколку се одлучат да се поријават и тоа склекови и чучњеви.