Балканскиот полуостров ќе биде зафатен со невреме

Сподели со своите пријатели

Променливото време не престанува да го изненадува целото балканско подрачје, па така по неколку “пеколно” топли денови, доаѓаат силни врнежи проследени со грмотевици и обилни дождови, пренесува Телеграф.рс.

Loading...
Според прогнозите на метеоролозите, Балканот го очекува уште еден студен бран, со врнежи за време на викендот. Покрај Балканот, погодени ќе бидат и Италија и Австрија. За невремето посебно треба да се подготват Словенија и Хрватска, бидејќи таму студениот бран ќе погоди најсилно.
Хрватска веќе го вклучи црвениот аларм. Според најавите, дожд ќе паѓа во целата држава до понеделник, 25 мај, кога се очекува стабилизација, но само на југ, додека во останатите подрачја, дождот ќе паѓа до среда, 27 мај.
Најголемо количество на дожд се очекува во сабота навечер.
Поради овие врнежи би можело да дојде до растење на водостојот, но сепак нема простор за паника – нивото на реките може да биде малку повисоко од вообичаеното, но нема да дојде до големи изливања.
Наредната седмица во балканскиот регион се очекува нестабилно време со врнежи, што не е невообичаено за овој период од годината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *