Балканска унија како подготовка за ЕУ

Сподели со своите пријатели

Во моментот кога од европската администрација се појави веста дека наместо полноправно членство во ЕУ, само Економското партнерство би можело да се понуди на земјите од Западен Балкан, се појави Планот Б, кристализиран од инсистирањето на Србија за засилена регионална соработка, дознава српски Курир од дипломатски извори.

Loading...

Според соговорникот, ова би било модел на економска унија на земјите од регионот што би соработувале со ЕУ за полноправно членство на секоја земја поединечно.

– Западен Балкан треба подобро да се поврзе. Тоа би било модел на економска унија во која сите земји соработуваат, економски ги зајакнуваат своите пазари и, кога ќе дојде време за пристап, влегуваат во ЕУ како економски силни земји. Францускиот претседател Емануел Макрон не сака сиромашни земји во ЕУ, поради што тој го предлага овој нов план – делумно стратешко партнерство помеѓу новата економска унија на регионот со ЕУ и полноправно членство на секоја од земјите на таа регионална унија во Европската унија – додал изворот.

Српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше за потребата од посилна регионална соработка пред два дена на проштална вечера од регионалните лидери со Федерико Могерини, шефот на европската дипломатија во заминување.

Вучиќ рече дека Србија не ја менува својата стратешка ориентација – влез во ЕУ, но дека мора тактички да се прилагоди на промените во таа заедница и да дејствува паметно.

Тој рече дека инсистирал на регионална соработка таа вечер.

– Исто така, добив поддршка за зајакнување на овие односи од претставник на земја од која тоа не го очекував. Затоа сум многу среќен, затоа што отвора уште посилни перспективи за разговори за поблиска регионална соработка – рече Вучиќ, додавајќи:

– Она што се чини дека сите го разбираат е дека треба да се свртиме повеќе кон себе, во сопствените дворови, како што кажав многу пати, и да разговараме како да се отстранат бариерите меѓу нас, како да се зачуваат мирот и стабилност на прво место.

Loading...

Според Курир, Вучиќ добил поддршка за идејата за тесна регионална соработка од Мило Џукановиќ, претседателот на Црна Гора.

Leave a Reply