Балетската претстава „Либертанго“ утре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Првенци, истакнати солисти, како и целиот балетски ансамбл при Македонска опера и балет утре во Куманово ќе ја изведат балетската претстава „Либертанго“ во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ со почеток во 20 часот.

Loading...

Композитор на претставата е Астор Пјацола, кореограф Сабриба Боско, костимографија и сценографија на Александар Ношпал, а под режисерска палка на Наташа Поплавска.

„Либертанго” не води низ приказна која ни го покажува создавњето и патот на тангото. Уличен танц кој го достигнува пиедесталот на светската танц сцена. Танго или танцот на страста, желбата, љубомората, љубовта, привлекувањето…

Во почетокот на минатиот век во Аргетина често има прилив на емигранти од Европа, а најмногу од нив биле италијанци и шпанци. Аргентина е новата ветена земја, земја која им давала надеж на сиромашните италијани, емигранти кои во почетокот на дваесетиот век тргнале да бараат подобар живот.

Оваа приказна ни го покажува патот на италијанската фамилија Пијацола. Висенте и Асунта, родителите на познатиот композитор Астор Пијацола, кои ја наоѓаат Аргентина за земја на нивната иднина.

Мајката на Астор, Асунта Пијацола е пријателка со познатата италијанска танчерка Каменчита Кармен Калдерон која  е една од првите танго танчерки во Аргентина. Таа е исто така италијанска емигрантка која го развива тангото заедно со другите танчери. Пренесувајќи ги танго чекорите на Асунта и Висенте Пијацола тие заедно го развиваат овој танц.

Во дваесетите години на дваесетиот век во Аргентина се танцуваат различни танци. Се појавуваат женските танци на шпанските емигрантки кои ги изгубиле своиуте мажи во битки, а ги викале “чинас” жени, како и танците на девојките “лорас” кои танцувале со часови во Аргентинските барови. Истоврмено во аргентина на улиците се игра и танцот на италијанските емигранти. Овие три народи, кои се наоѓаат заедно во страсната Аргентина како оддишка од тешките животи и макотрпната работа, почнуваат наместо битки да танцуваат и пеат заедно.

Така на сцената се појавува и прекрасната аргентинска танго танчерка, Мариа Нивес која со својот парнер Хуан Царлос го развиваат танго танцот и го презентираат ширум светот. Преку нив, Калдерон и Пијацола тангото во Аргентина ќе го достигне својот пиедестал.

Loading...

Низ тешкиот живот на емигрантите во Аргентина гледаме како Астор со својот мал банденеон, уште како дете почнува да ужива во танго нотите, џез музиката како и класичната музика.  Растејќи по улиците на Буенос Аирес, поддржан од свите родители се повеќе се вљубува во музиката. Со неговата музика тој ја привлекува и неговата прва љубов, Деде Вулф со која што подоцна се жени. Тој и натаму инспириран од танцот кој го игра и неговата мајка Асунта и најзината пријателка Калдерон, а воден од страста и љубовта кон Деде создава музика со силни емоции. Тангото долго време е инспирација на младиот Пијацола. Низ приказната на неговите родители, љубовта кон жената и страста кон танцот и музиката, Астор расте, а со него расте и тангото ширум светот.

Понесен од играта и страста на младата танчерка Марија, таткото на Астор поаѓа да танцува пред публика заедно со Марија Нивес во “Кафе барот – Буенос Аирес”. Во најпознатиот “Kафе бар – Буенос Aирес” за прв пат ќе се спојат неколку различни танго играчи, Висенте, Карлос, Калдерон, Асунта и Мариjа, а со нив ќе почнат да танцуваат и останатите танчери.

Неговииот дух полн со страст и љубов се распостила по целиот свет, преку неговата музика. „Либертанго“ на големиот Астор Пијацола кој се раѓа токму во Буенос Аирес, каде што живее и твори музика отвора нов правец во тангото, наречен “Ново танго” (Nuevo tango). Со развивањето и растењето на овој редок и светски познат композитор се преплавуваaт светската музичка и танцова сцена, со неговите звуци, а  тангото останува вечно на пиедесталот.

Музиката на Пијацола ги спојува џезот, класиката и музика на три народа: Италија, Шпанија и Аргентина.

Живеејќи помеѓу улицата, клубот, музиката и танцот, класиката, џезот, универзитетот и талентот, помеѓу Буенос Аирес и Париз, Астор Пијацола го создава една од најубавите танго компзиции на 20- тиот век,  „Либертанго“.

Leave a Reply