Бал фор Лајф утре го пречекува составот на МЗТ Скопје

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Бал фор Лајф утре во пречекуваат составот на МЗТ Скопје Аеродром во рамките на 14 коло од третата кошаркарска лига на Македонија.

Претходно двата тима имаат одиграно еден натпревар каде МЗТ оствари победа од 62:72, но кошаркарите на Бал Фор Лајф веруваат во своите спосбности и утре со почеток во 14 часот во Спортската сала „Панко Брашнаров“ во населбата Карпош ќе се обидат да извојуваат победа против лидерот на табелата.

Куманоските кошаркари се уште немаат пораз на домашен терен, а се повеќе го загрозуваат лидерството на утрешниот противник.