Бајден со премиерите на Британија и Австралија разговара за AUKUS

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден ќе се сретне со британскиот премиер Риши Сунак и неговиот австралиски колега Ентони Албанес во понеделник во Сан Диего, Калифорнија, за да разговараат за безбедносната алијанса АУКУС, соопшти Белата куќа.

Loading...

Алијансата, чие име доаѓа од комбинација на акронимите на трите земји, постои од 2021 година и има за цел да и овозможи на Австралија да набави подморници на нуклеарен погон за да ги зајакне безбедносните и воено одвраќање во Индо-Пацификот.

Според безбедносните експерти, алијансата е насочена против потенцијалната закана од Кина.

Австралија планира нова воена база за нуклеарни подморници на нејзиниот источен брег.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Студентите во Њујорк протестираа за Палестина, повеќе од 100 уапсени

Веќе има база на западниот брег.

САД имаат големо воено пристаниште во Сан Диего.

Франција беше разбеснета од новата алијанса бидејќи пропадна договорот за испорака на подморници за Австралија во вредност од 56 милијарди евра поради AUKUS.

Партнерите на AUKUS минатата година најавија дека сакаат поблиска соработка и на полето на сајбер безбедноста.

Loading...