Бајден: САД ќе и дадат на Украина напредни ракетни системи

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека САД ќе ѝ дадат на Украина понапредни ракетни системи и муниција за „попрецизно да ги гаѓаат клучните цели на бојното поле“.

Loading...

Според написот во Њујорк Тајмс, Бајден рече: „Брзо тргнавме да и испратиме на Украина значителни количини оружје и муниција за да може да се бори на бојното поле и да биде во најсилна можна позиција на преговарачката маса“.

Висок претставник на администрацијата на Бајден изјави во текот на денот дека САД ќе ѝ дадат на Украина високоподвижниот артилериски ракетен систем М142 (HIMARS), со што ќе ги подобри способностите на Киев на бојното поле додека се бори против руските освојувачи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

„Украинците ќе ги користат овие системи за да го одбијат рускиот напредок на украинска територија, но нема да ги користат на цели на руска територија“, им рече официјалниот претставник на новинарите.