Бајден одобри дополнителна воена помош за Украина, вредна 800 милиони долари

Сподели со своите пријатели

САД ќе испратат втор пакет оружје во вредност од 800 милиони долари за Украина, изјави во средата претседателот Џо Бајден откако прво ги сподели вестите со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Loading...

Бајден телефонски разговарал со Зеленски, откако одобрил дополнителни 800 милиони долари помош за оружје, муниција и друга воена помош за Украина, соопшти Белата куќа.

 

Кој ги проследил тајните протоколи за Буча? Бундестагот го бара предавникот во своите редови

 

– Украинската армија употреби оружје со погубни последици што и го обезбедивме. Додека Русија се подготвува да го засили нападот во регионот на Донбас, доделувањето на дополнително оружје ќе продолжи да и дава капацитет на Украина да се брани, се вели во изјавата на Бајден.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

Најновиот пакет за воена помош вклучува артилериски системи, артилериска муниција и оклопни возила.

Бајден го одобри и трансферот на дополнителни хеликоптери во Украина.

Loading...

 

И Трамп руската инвазија ја нарече геноцид

 

Ветувањето се смета за витално откако рускиот претседател Владимир Путин во вторникот рече дека мировните преговори со Украина дошле во „ќорсокак“, обвинувајќи го Киев за прекршување на претходните договори.

– Без дополнително оружје, оваа војна ќе се претвори во бескрајно крвопролевање кое ќе шири беда, страдање и уништување. Мариупол, Буча, Краматорск, списокот продолжува. Никој нема да ја запре Русија освен Украина со тешко оружје – напиша Зеленски на Твитер во средата, пренесува UPI.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?