Бајден му рекол на Нетанјаху дека треба да се најде компромис во однос на реформите

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека демократските општества се зајакнати со вистински контролни механизми, и дека суштинските промени треба да се следат со најголема можна поддршка од народот, соопшти Белата куќа.

Loading...

Во однос на планираните реформи во судството во Израел, Бајден ги поддржал напорите за изнаоѓање компромис во однос на предложените реформи во согласност со тие основни принципи, се наведува во соопштението, пренесе Ројтерс.

Нетанјаху му рекол на Бајден дека судските реформи во Израел ќе ѝ овозможат на земјата да остане силна и витална демократија, соопшти кабинетот на Нетанјаху.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ИДФ: 200 членови на Хамас убиени во болницата Ал-Шифа

Според извештаите, Бајден и Нетанјаху разговарале и за заканата од Иран, без да дадат детали.

Нетанјаху бара промени во судството што ќе ѝ дадат на неговата влада поголемо влијание врз изборот на судии и ќе ја ограничат моќта на Врховниот суд да ги укинува законите, објави Ројтерс.

Критичарите на планираните измени на законот велат дека Нетанјаху презема чекори за да ја ограничи демократската контрола на Израел и да му дозволи да избегне казна поради неговото претстојно судење по обвиненијата за корупција, што тој ги негира, наведува британската агенција.

Во Израел граѓаните со месеци протестираат поради најавената реформа во судството.