Бајден денеска со лидерите на источното крило на НАТО

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска во Полска ќе се сретне со лидерите на источното крило на НАТО, со цел да ја покаже американската поддршка за нивната безбедност, откако Москва објави дека го суспендира договорот СТАРТ за контрола на нуклеарното оружје.

Loading...

Бајден пристигна во Варшава во понеделникот, по ненадејната посета на Киев, само неколку дена пред годишнината од рускиот напад врз Украина на 24 февруари 2022 година, пренесува Ројтерс.

Во време на највисоки тензии меѓу Русија и Западот во последните децении по Студената војна, Бајден во вторникот им се обрати на илјадници луѓе во центарот на Варшава и рече дека мора да се спротивстави на автократите како рускиот претседател Владимир Путин, наведува британската агенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американскиот Конгрес донесе закон што може да доведе до крај на ТикТок

Неколку часа претходно, во своето обраќање пред Федералното собрание на Русија, Путин ги критикуваше западните сили, обвинувајќи ги за војната во Украина и најави дека Москва се повлекува од Новиот СТАРТ договор за контрола на вооружувањето и предупреди дека Москва може да продолжи со тестови со нуклеарното оружје ако САД тоа го сторат први.

Во среда, Бајден ќе се сретне со персоналот на американската амбасада во Варшава пред да ги собере лидерите на Букурештските девет, земјите од источното крило на НАТО.

Повеќето од нив се меѓу најголемите поддржувачи на воената помош за Украина, а официјални лица од овие земји бараат да се испратат дополнителни ресурси во Киев, како што се системи за противвоздушна одбрана, пренесува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден го обвини Трамп за новите ограничувања на правата за абортус

На денешната средба Бајден планира да ги потврди своите безбедносни заложби и да разговара за поддршката за Украина пред да се врати во Вашингтон, наведува британската агенција.