Бахмут: Ситуацијата е тешка, но руските напади се одбиени

Сподели со своите пријатели

Ситуацијата околу Бахмут и понатаму е тешка, но украинските сили ги одбиваат сите руски обиди да го заземат градот, изјави командантот на копнените сили, генерал-полковник Олександар Сирски.

Loading...

– Сите непријателски обиди да го заземе градот ги одбивме со артилерија, тенкови и друго огнено оружје, рече тој и додаде дека руската платеничка група Вагнер напаѓа од повеќе правци, обидувајќи се да се пробие до централниот дел на градот.

Некои воени експерти ја доведуваат во прашање поентата да се продолжи со одбраната на градот, но Сирски рече дека тоа помага да се купи време за да се подготви за контраофанзива.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина може да биде поразена до крајот на годината, предупреди ЦИА

– Вистинските херои сега се бранителите кои го држат источниот фронт на свои раменици и нанесуваат најголеми можни загуби, не штедејќи се ниту себеси ниту непријателот. Неопходно е да се купи време за да се создадат залихи и да се започне контраофанзива, која не е далеку, рече тој.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.