Автомобил прегази 10-годишно дете во Куманово

Сподели со своите пријатели

На улицата „Доне Божинов“ во Куманово, вчера околу 17:25 часот, патничко возило „фолксваген шаран“, со австриски национални ознаки, управувано од Ѓ.А.(47) од Куманово удрило во 10-годишен пешак од Куманово.

Loading...

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, по што бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply