Автомобил на кумановско семејство оштетено во Грција

Сподели со своите пријатели

Патничко возило марка „Ford“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од лицето Д.С. било оштетено во местото Паралија јавува Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Таблиците на сопственикот на возилото му биле испрскани со црн спреј во делот на ознаката МК како и дел од предниот и задниот браник покрај таблиците при што е прекриена ознаката „МК“.

Инаку, како што информира МВР, изминатиов период, граничната полиција евидентираше неколку случаи на оштетување возила на македонски државјанин кој летувале во Р.Грција.

Станува збор за четири случаи пријавени на граничниот премин „Богородица“ во периодот од 28 август до 08 септември оваа година.