Автомобил изгоре на патот Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Патничко возило вчеравечер изгорело во пожар на патниот правец Куманово  – Крива Паланка кај обиколницата во близина на бензинската пумпа.

Станува збор за патничко моторно возило марка „Мерцедес“, а во пожарот нема повредени, туку причинета материјална штета поради неисправна инсталација на возилото.

Пред четири дена пожарникарите од Крива Паланка интервенирале на гаснење автомобил на истиот патен правец.

 

Loading...