Автомобил и сува трева гореа викендов во кумановско

Сподели со своите пријатели

Кумановските пожарникари викендов бележат две интервенции во доменот на својата работа, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во атарот на селата Романовце и Агино село, покрај железничката пруга тројца пожарникари со едно противпожарно возило гаснеле запалена сува трева. Интервенцијата траела од 11:15 до 13:15 часот.

Втората интервенција е на запален автомобил во населбата Перо Чичо. Тројца пожарникари со едно противпожарно возило интервенирале во период од 12:40 до 13:15 часот.

Leave a Reply