Автобусот против Брегзит се заглави уште на првиот ден од турнејата

Сподели со своите пријатели

Автобусот, кој во рамките на кампањата против Брегзит, започна осумдневна турнеја низ Велика Британија, уште првиот ден беше приморан да тргне „во рикверц“.

Тој автобус се заглавил во тесна споредна улица во центарот на Лондон.

Заговорнциите за останување на Британија во Еу тргнаа декес пред зградата на британскиот парламент на турнеја со голем црвена втобус, како симбол на противење на планираното излегување на земјата од Унијата, пренесува Ројтерс.

Меѓутоа, автобусот со натписот „Брегзит ќе чини две милијарди фунти неделно“ се соочи со потешкотии на самиот почеток на патот, заглавувајќи се при обидот да се спушти низ улица во централната Вестминстерска четврт.

Како што е планирано, автобусот за време на осумдневната турнеја треба да мине 33 локации во земјата.

Противниците на Брегзит се обидуваат да госпречат истапувањето на земјата од ЕУ,чиј краен рок е март 2019. година.

Leave a Reply