Австрија воведе гранична контрола кон Словачка

Сподели со своите пријатели

Австрија од полноќ воведе контроли на граничните премини кон Словачка, како мерка во борбата против илегалната миграција.

Loading...

Воведувањето контроли кон Словачка е реакција на одлуката на Чешка да воведе контроли на премините кон Словачка.

Министерот за внатрешни работи Герхард Карнер рече дека целта на контролите е да се затворат можните алтернативни патишта за шверцерите на луѓе.

„Мораме да реагираме пред шверцерите“, нагласи тој.

Тој посочи дека контролите ќе се вршат согласно шенгенските прописи, првично десет дена.

Контроли се вршат на 11 гранични премини кон Словачка.

Инаку, со години има контроли на границите со Унгарија и Словенија и сите тие се насочени кон спречување на криумчарите на илегални мигранти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Австрија годинава се соочува со голем број баратели на азил.

Loading...

Од јануари до август се поднесени дури 56.149 барања за азил, што е зголемување во однос на истиот период лани за цели 195 отсто.

Најголем дел од барањата во последниот период се поднесени од државјани на Индија, кои немаат изгледи за добивање азил.