Австрија: Состанок на Советот за национална безбедност поради гасот

Сподели со своите пријатели

Австрискиот канцелар Карл Нехамер свика состанок на Советот за национална безбедност за вечерва поради намалувањето на гасот што се испраќа во складиштето.

Loading...

Во последните денови видно се намали количината на гас што се испраќа во складиште за планираната резерва за зимата, а медиумите очекуваат владата да прогласи втор степен на предупредување.

Од мај, првото ниво на предупредување за планот за вонредни состојби е на сила во Австрија, откако Русија ги намали своите резерви.

Во тој план е предвидено до зима капацитетот за складирање на гас да достигне 80 проценти.

Доколку таа цел е загрозена, ќе се преземат соодветни мерки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приходите на Ериксон нагло паднаа

Големите компании ќе треба секојдневно да ја пријавуваат својата точна потрошувачка на гас во регулаторот „Е-контрол“.

Само од третото ниво на предупредување државата може активно да ја ограничи потрошувачката.

Според ОМВ, намалувањето на испораките на гас од Русија во моментов е околу 40 отсто.

Loading...

Причина за намалувањето на испорачаниот гас во магацините е зголемениот извоз на гас од Австрија во Италија, покажаа првите анализи.