Австрија од денеска е заклучена: Како функционира „локдаунот“ и до кога ќе трае?

Сподели со своите пријатели

Австрија од денеска е во национално заклучување. Оваа мерка беше воведена набргу по карантинот за невакцинираните граѓани. Но, бидејќи бројките продолжија да растат, властите во Виена одлучија да го продолжат локдаунот за сите граѓани за најмалку 20 дена, а на тоа се додаде уште една мерка што ќе стапи на сила од 1 февруари 2022 година – задолжителната вакцинација.

Loading...

 

 

Кои се правилата за заклучување?

Заклучувањето за цела држава започнува на 22 ноември и ќе трае до 12 декември.

Според правилата за изолација, Австријците ќе треба да покажат доказ за 2G (дека се целосно вакцинирани или дека имале коронавирус или дека се вакцинирани со првата доза плус PCR тест) ако сакаат да одат некаде надвор од куќата. Ова правило не важи за одење на работа или за купување храна.

Продавниците и рестораните се затворени, нема да се одржуваат јавни настани, а работата од дома е задолжителна во секторите каде тоа е можно за да не трпи работниот процес. Исто така, маските FFP2 се задолжителни во сите затворени простори.

Loading...

Училиштата нема да бидат официјално затворени за време на заклучувањето, туку ќе останат отворени за „оние на кои им треба“, иако наставата лице в лице нема да се одржува.

 

 

Слични правила беа во сила за време на локдаунот во 2020 година, кога децата учеа на далечина, но училиштата останаа отворени поради учениците чии родители не можеа да работат од дома.

Владата ги повика родителите да се вратат на учење дома, доколку е можно. За оние кои ќе ги прекршат правилата се предвидени казни.

Правилната проценка на резултатите од овие мерки ќе се направи по десет дена.

Заклучување и задолжителна вакцинација

Loading...

Иако неодамнешната блокада во Австрија се однесуваше пред се на невакцинираните, мерките кои стапуваат на сила од денеска важат за сите без разлика на статусот на вакцинација.

Што се однесува до вакцинацијата, мерките што неодамна ги донесе владата предвидуваат дека сите во Австрија ќе мора да се вакцинираат од 1 февруари следната година.

Во Европа само Ватикан има правило за задолжителна вакцинација за сите.

 

 

Зошто е донесена оваа мерка?

Бројот на заразени со коронавирус во Австрија е зголемен во последните недели, а владата за тоа обвинува голем број невакцинирани лица во земјата.

Loading...

Во четвртокот во Австрија беше поставен нов рекорд од повеќе од 15.000 нови случаи.

Побарувачката за вакцинација се зголеми во последните денови, а 66 отсто од населението сега е целосно вакцинирано, нешто под просекот на ЕУ од околу 67 отсто.

Пред само неколку дена, австриските лидери рекоа дека целосното затворање не е опција што се разгледува, меѓутоа, канцеларот Александар Шаленберг во петокот рече дека новите податоци ја прават одлуката неизбежна.

„Мораме да се соочиме со реалноста: премногу од нас се однесуваа на несоодветен начин и на тој начин предизвикавме огромно човечко страдање“, рече тој.

Ова е главната причина за воведување на задолжителна вакцинација.

„И покрај месеците на убедување, не успеавме да убедиме доволно луѓе да се вакцинираат“, рече Шаленберг на прес-конференција во западната држава Тирол, каде што се сретна со регионалните шефови на држави.

Loading...

Тој ги обвини оние кои одбија да се вакцинираат за „напад врз здравствениот систем“ и рече дека вакцинацијата е „излезна карта“ од епидемијата.