Австрија: Мачеле и сексуално злоставувале штитеници на домови за стари и немоќни лица

Сподели со своите пријатели

Австриските власти истражуваат четворица старатели, поранешни вработени во домот за стари и изнемоштени лица во Сиценберг-Рајдлинг во Долна Австрија. Тие се осомничени за сексуална злоупотреба и тортура врз штитениците од домот.

Loading...

Четири негувателки – три жени и еден маж на возраст од 30 до 45 години, се осомничени дека занемарувале, мачеле и сексуално злоставувале беспомошни луѓе, жители на дом за стари и изнемоштени лица во Сиценберг-Рајдлинг во Долна Австрија.

 

 

Истрагата почна пролетта, но негувателките во истрагата се бранеле со молчење, а нивниот адвокат Стефан Глос побарал да се прекине постапката, пренесува Дневник.хр.

Можеби истрагата ќе завршела доколку овие денови не се појавиле ужасни фотографии од злоупотреба во група за разговор на WhatsApp, пишува Куриер.

Фотографиите му се предадени на јавен обвинител, а државното правобранителство сега го истражува бројот на жртвите на нивното злоставување.

Loading...

Адвокатот на пациентите Џералд Бахингер рече дека е изненаден од наводите. Тој наведува и дека раководителот на домот за стари лица порано бил „многу транспарентен и отворен“, но дека последните настани покажале дека „никој не е имун од вакви инциденти“.

 

 

Во истрагата се вклучија и Државното правобранителство и Народниот правобранител, како и државниот стручен надзорен орган.

Со приватниот дом за стари и изнемоштени лица управува SeneCura. Портпаролката на компанијата претходно изјави дека некои вработени слушнале поплаки од жителите и пријавиле до домашната администрација.

Четворица негуватели веднаш добиле отказ. SeneCura формираше комитет за внатрешна истрага во рамките на компанијата.