АВСТРИЈА: Кој ќе одбие вакцинација ќе добие енормна казна

Сподели со своите пријатели

Австриската влада најави дека ќе воведе задолжителна вакцинација, а сега се познати казните за непочитување на оваа обврска.

Loading...

Министерството за здравство работи на предлог-закон, со кој се предвидува лицата кои нема да ја почитуваат обврската за вакцинирање, да бидат казнети со глоба до 3.600 евра за одбивање на првата доза и 1.450 евра за одбивање трета доза од вакцината.

Министерката задолжена за уставни прашања Каролина Едштадлер вели дека мора да се понуди понуда и да се упатат граѓаните да се вакцинираат.

Кој ќе ја одбие таа понуда ќе треба да плати казна“, нагласува министерот, потврдувајќи дека казните се во наведениот износ.

Според неа, стручните органи апсолутно не се задоволни од стапката на вакцинација во Австрија.

За потсетување, во Австрија од денеска е воведена целосна блокада, што подразбира построги карантински мерки и за вакцинираните и за невакцинираните лица.

 

Австрија од денеска е заклучена: Како функционира „локдаунот“ и до кога ќе трае?

Loading...