Австралија сугерира дека нема голем број жртви по ерупцијата на Тонга

Сподели со своите пријатели

Австралиските власти во понеделникот соопштија дека нивните првични извештаи сугерираат дека нема повеќе жртви на тонганските острови откако подводниот вулкан го предизвика цунамито, но додаде дека е направена значителна штета на патиштата и мостовите на островот во Тихиот Океан.

Loading...

Подводен вулкан во водите на Тонганските острови еруптираше во саботата, па беше издадено предупредување за цунами за неколку островски држави на Јужниот Пацифик, особено за Тонга и Американска Самоа, а брановите стигнаа и до Јапонија.

Беше издадено предупредување за цунами и за западниот брег на САД и за Чиле, а американската држава Хаваи беше погодена од „мали поплави“.

„Во моментов, за среќа, немаме податоци за поголем број жртви, што очигледно е многу добра вест. Но, ние сè уште имаме многу ограничени, доколку ги има, информации кои доаѓаат од надворешните острови“, изјави за Би-Би-Си Зед Шешеља, пацифичкиот министер.

Австралија испраќа авиони во понеделник за да ја процени ситуацијата, додека пацифичките нации и хуманитарните агенции почнаа со напорите да помогнат.

Новозеландските сили ќе учествуваат и во проценката на штетата во Тонга.

Комуникациите со Тонга во недела навечер сѐ уште беа прекинати.

Од вулканот висок 20 километри во петокот почнаа да бликаат пареа, гас и пепел. Погодената област е со дијаметар од 260 километри.

Loading...

Социјалните мрежи беа преплавени со фотографии од бранови кои го обвиткуваат брегот и куќите.