Австралија повторно бара работници: Плати од 8.000 до 10.000 евра

Сподели со своите пријатели

Австралија повторно станува „ветената земја“ за жителите од Балканот, особено за оние кои во свои раце имаат инжинерска или медицинска диплома, бидејќи, врз основа на списокот објавен на австралискиот сајт за визи, токму овие професии се дефицитарни и се бараат работници за чие ангажирање се подготвени да платат дури 10.000 евра.

Loading...

Покрај земјите од Средна Европа, кои нудат вработувања, Австрлаија повторно се враќа на мапата и станува земја привлечна за Балканците, затоа што поради забрзаниот развој на економијата има недостиг од нови работници.

Одењето на овој далечен континент најмногу би се исплатило за лекари, стоматолози и инжинери, затоа што кандидатите со оваа стручна спрема се најпотребни на државата, а платите им се од 10.00 евра, колку што земаат лекари и стоматолози, односно 8.000 евра колку што месечно заработуваат инжинери.

Медицинарите се најпотребни

Работниците кои во свои раце поседуваат некој вид диплома од медицинско училиште ќе можат да пронајдат работно место за себе, со оглед дека на Австралијанците им е потребен медицински персонал, од помошни медицински сестри до кардиоваскуларни хирурзи.

Врз основа на податоците достапни на австралискиот сајт за визи, на Медицинскиот одбор на Австралија му се потребни медицински сестри со области на специјализација, односно геронотолошки сестри, педијатриски сестри, медицински сестри ангажирани во Итна помош, како и оние со пречки во развој. Покрај тоа, неопходни им се работници со диплома за медицински техничар кој би работел на одделенијата за психијатрија и ортопедија.

Loading...

Покрај медицински сестри, шанса за работа имаат и радиолози, радиолошки техничари, физијатри, логопеди и физиотерапевти.

За да го одржи растот и развојот на стопанството, Австралија бара квалификувани работници, па на листата дефицитарни професии се и области од медицината кои бараат факултетски дипломи.

Имено, лекари со специјализација од некои од гранките на медицината се потребни за „земјата на кенгурите“, па ова е шанса за сите офтаомолози, клинички хематолози, уролози, реуматолози, специјалисти за тропски болести, хирурзи, кардиоваскуларни хирурзи, ортопеди и онколози.

Стоматолозите исто така спаѓаат во групата дефицитарни занимања, т.е. стоматолози, протетичари, детални хигиеничари и забни техничари.

Можност за инжинерите

Покрај големиот број медицински работници, во Австрлаија работа има и за луѓе со диплома од техничките струки.

Инжинерите од сите профили се преку потребни, а особено инжинери за сообраќај затоа што сообраќајот е една од гранките на стопанството која постојано се развива поради развојот на технологијата на овој јужен континент. Поради поголемата густина на австралиските градови, исправни и корисни патишта стануваат се поважни за животот, па експертите кои знаат да го применат своето знаење и да го решат сообраќајот и се потребни на оваа земја.

Loading...

За да го следат трендот за создавање нови градови, Австралијанците бараат и градежни инжинери.

Менаџери, архитекти, хемиски инжинери, геометри, инжинери за транспорт, биохемија и електротехника исто така се дефицитарни професии во Австралија.

Се што треба да знаете пред да одите во Австралија

За да пронајдете работа во Австралија неопходно е вашето занимање да биде на листата дефицитарни професии, по што ќе можете да стапите во контакт со работодавач кој ќе ви помогне процесот за визирање да биде олеснет.

Просечната месечна плата е околу 4.200 евра, а најплатени се лекарите и стоматолозите од различни специјалности чии примања одат до 10.000 евра месечно, а две илјади помалку заработуваат инжинерите.

Loading...

Потребно е да ве спонзорира работодавач или да имате понуда од австралиската влада, со присуство на вашето занимање на некоја од листите и исполнување на други услови, како што се старосна граница. Привремената работна виза обично подразбира ангажирање на период од максимално четири години.

За иселенички визи не ви е потребна работна гаранција, но одреден е број поени на тестот, односно специфичен збир на личните квалитети и квалификации потребни за австралискиот пазар.

Leave a Reply