Австралија: Најтопол ден во повеќе од две години, високите температури предизвикаа пожари

Сподели со своите пријатели

Во делови од источна Австралија, вклучувајќи го и Сиднеј, денеска беше најтоплиот ден во повеќе од две години со температури над 40 степени целзиусови, што предизвика десетици пожари.

Loading...

Пожарникарите од земја и со помош на авиони гаснат речиси 40 пожари низ Нов Јужен Велс, објави Ројтерс.

Пожарот во близина на Маџи, 250 километри северо-западно од Сиднеј, е на ниво на предупредување за итни случаи.

Целосна забрана за пожари на отворено сега е во сила за повеќе региони низ Нов Јужен Велс, додека 35 државни училишта, главно во внатрешноста на земјата, се затворени поради големите горештини.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Според прогнозата на метеорологзите топлото време без врнежи најверојатно ќе трае до среда.

Пенрит, предградие во западен Сиднеј, денеска забележа температура од 40,1 целзиусови степени, што е највисока температура од 26 јануари 2021 година, а во некои градови во внатрешноста беше речиси 41 степен.

На источниот брег на Австралија доминираа зголемени врнежи во текот на изминатите две години, а во 2022 година Сиднеј го забележа највисокото ниво на годишни врнежи од почетокот на евиденцијата во 1858 година.

Бирото за метеорологија минатата недела објави дека периодот на обилни врнежи најверојатно ќе заврши и дека ќе следи период на умерени врнежи од дожд кои најверојатно ќе преовладуваат во текот на есента на јужната хемисфера.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

фто: илустрација