Австралија најави учество на самитот на НАТО во Мадрид

Сподели со своите пријатели

Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска најави дека ќе присуствува на „важниот“ самит на НАТО во Мадрид на крајот на месецот, на кој, според официјалните претставници, ќе биде зацртан патот на алијансата за следната деценија во услови на војна Украина.

Loading...

„Одење на самитот на НАТО е мој приоритет да го поддржам народот на Украина да се спротивстави на овие насилни незаконски дејствија на Русија“, рече австралискиот премиер.

Како што претходно најави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, Северноатлантската алијанса има за цел „да ја продлабочи соработката со истомислениците и организациите, вклучително и Европската унија и земјите од Индо-Пацификот“ на самитот закажан за 29 и 30 јуни.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Австралија, која не е членка на НАТО, е една од земјите што најмногу ја поддржува западната хуманитарна и воена помош за Украина по рускиот напад, а воведе и забрана за извоз на алуминиум и боксит во Русија, наведува Ројтерс.