Австралија: Маж е уапсен откако бил забележан со „АК-47“ за кој се испоставило дека е бонг

Сподели со своите пријатели

Австралиската полиција привела маж кој наводно носел автоматска пушка АК-47, за која се покажало дека има сосема поинаква намена.

Loading...

Полицајците побрзале во акција по налетот на повици 911 од северозападниот дел на Сиднеј во средата вечерта, со хеликоптер кој се приклучил на потрагата пред CCTV да ја доведе полицијата до паркираниот автомобил.

Пронајдена е пишката, но полицијата набрзо сфатила дека всушност се работи за бонг – направа со која се пуши марихуана.

Во врска со инцидентот подоцна е уапсен 50-годишен маж, соопшти полицијата.

„Во претресот на возилото од страна на полицијата, наводно е пронајдена имитација на автоматска пушка АК-47.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

Со помош на хеликоптерот Polair, полицајците го лоцирале човекот на блискиот тревник“, се вели во соопштението на полицијата на Нов Јужен Велс.

Мажот подоцна беше обвинет за поседување неовластено огнено оружје и заплашување, јавува Би-Би-Си.

Полицијата пред судот ќе потврди дека запленетиот предмет е бонг, филтер наполнет со вода што се користи за пушење марихуана и други хербални супстанции, објавија локалните медиуми.

Loading...

Нему му е одреден притвор, а неговиот случај ќе се расправа во април.

Законите за наркотици на Нов Јужен Велс наведуваат дека е прекршок да се „продава, снабдува или изложува на продажба бонг… или компоненти, без разлика дали се наменети за администрација на забранети дроги или не“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

Дизајниран како евтино и сигурно оружје за советската војска од страна на Михаил Калашников во 1940-тите, се проценува дека 100 милиони вистински АК-47 биле произведени во текот на седум децении.