Австралија испраќа оклопни возила во Украина

Сподели со своите пријатели

Австралија ќе испрати оклопни борбени возила „Бушмастер“ во Украина за да и помогне во војната против Русија, објави денеска австралискиот премиер Скот Морисон.

Loading...

Морисон рече дека оклопните возила ќе бидат испорачани со транспортни авиони Боинг С-17 Глоубмастер, но не прецизираше колку возила „Бушмастер“ ќе бидат испратени, ниту кога, пренесува АП.

 

Русија: Досега уништени се 124 украински авиони и 81 хеликоптер

 

„Ние не само се молиме, ние го испраќаме нашето оружје, ја испраќаме нашата муниција, ја испраќаме нашата хуманитарна помош, нашите панцири. Сето тоа го испраќаме, а ќе ги испратиме и нашите оклопни возила, нашите „Бушмастери““, изјави Морисон, обраќајќи им се на новинарите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара оклопни возила Bushmaster додека им се обраќаше на австралиските пратеници во четвртокот.