Авионот се запалил во воздухот, патниците бараат отштета од половина милион долари (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Двајцата патници решиле да ја тужат компанијата „Јунајтед ерлајнс“, бидејќи тие биле во авионот кога моторот се запалил во воздухот, а „Боингот“ морал да слета во Денвер.

Loading...

Секој подносител бара компензација во износ од над половина милион американски долари.

Летот на „Боингот 777“ на компанијата „Јунајтед ерлајнс“, кој летал на релација Колорадо – Хонолулу, завршил лошо. Авионот принудно слетал во Денвер, а остатоците од делови од авионот биле расфрлани околу станбената област во Брумфилд.

Патниците Џозеф Мекгинли и Џонатан Строун истакнале дека тие лично, емотивно и финансиски ги претрпеле последиците од инцидентот, што се случил на 20 февруари.

Тие поднеле одделни тужби пред судот во Чикаго барајќи отштета од 500.000 американски долари. Тие наведуваат дека претрпеле голем страв мислејќи дека авионот ќе се сруши, бидејќи со свои очи го виделе блесокот на експлозијата на моторот.

 

Видеа објавени на Твитер по инцидентот покажаа како авионот лета ниско над Брумфилд и делови од авионот паѓаат на земја.

Loading...

„Замислете како е за еден патник кога ќе погледне низ прозорецот на авион и беспомошно гледа како гори моторот. Хоророт што ве обзема трае скоро цела вечност “, истакна адвокатот Роберт Клифорд, застапник на тужителите.

Клифорд ги претставува и семејствата на 72 патници на „Боинг 737“, кој се сруши во Етиопија во 2019 година.

Велика Британија привремено забрани летови со авионите Боинг 777, кој го користи истиот мотор како оној што се запали во Колорадо.

Leave a Reply