Авелина во петок со концерт во Куманово

Сподели со своите пријатели

Бендот „АВЕЛИНА“ во петок со почеток во 20:00 часот ќе одржи свој концерт пред кумановската пубика во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Loading...

На концертот „АВЕЛИНА“ во живо ќе ги изведат нумерите од нивниот деби албум „ОД ЕКОТ НА ПРЕДОКОТ“ како и досега необјавени нумери како најава на следниот албум.

 

 

Влезот за овој настан ќе биде донација.

Авелина е уникатен неофолк бенд од Македонија започнат како соло проект на Сара Александровска (вокал и тамбура).

 

Loading...

 

Членови на бендот се и : Воислав Пехчевски (џембе), Дамјан Поповски (тамбура), Бојан Лазаревски (клавијатури) и Деа Плевнеш (перкусии).

Пред кумановскиот Концерт „АВЕЛИНА“ одржаа концерт минатиот викенд   во распродадената сала на кино Фросина во МКЦ – Скопје.

 

 

Спотот за песната „Земја“ како и дел од атмосферата од концертот во Скопје можете да видите на сликите подолу.

Loading...

 

Leave a Reply