Атмосферската канализација низ центарот на Куманово ноќва ги поплави улиците

Сподели со своите пријатели

Силниот дожд што ноќеска со часови паѓаше во Куманово ги излеа атмосферските канализации низ централното градско подрачје и предизвика поплавување на неколку улици низ централното градско подрачје.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи во утринава околу 1:35 часот СВР Куманово алармирале до РЦУК дека на улицата „Иво Лола Рибар“ имало запишување на шактите од атмосферска вода поради обилните врнежи од дожд и при што било побарано да бидат известени надлежните од Јавното Претпријатие „Водовод“.

За да не дојде до поплавување на објектите лоцирани на самата улица, биле отворени шахтите низ централното градско подрачје при што биле и одбележани местата поради безбедноста во сообраќајот.

Улицата. „Врањски Пат“ и на булеварот „Октомвриска Револуција“ноќеста биле поплавени, при што исто така интервенирале надлежните од ЈП „Водовод“, каде случајот бил пријавен во 1:58 часот по полноќ.

Во поладневните часови невремето без електрична енергија остави неколку села во кумановскот и тоа: Војник, Стрезовце, Клечовце, Зубовцеи Новосељане, како и кратовските села Страцин, Трновец, Пендак, Кетеново и Талашманци.

фото: архива