Атмосферата на Венера ја населува едноставна бактерија?

Сподели со своите пријатели

Постојат големи шанси едноставна бактерија да ја населува атмосферата на Венера, изјави заменичката шеф на заедничкиот руско-американски проект „Венера-Д“, Људмила Засова.

Loading...

Се очекува дека заедничката вселенска мисија на САД и Русија, која е планирана за 2026 година, да побара траги на живот во облаците на Венера.

Венера е најтоплата планета во Сончевиот систем, со температура која на површината на оваа небесно тело може да достигне 465 степени целзиусови.

– Меѓутоа, постои можност дека едноставни форми на живот преживеале во атмосферата, истакнала Засова.

Научниците тврдат дека обалите на Венера претежно се составени од сулфурна киселина, но дека содржат и 15 фо 20 отсто вода, а дека температурата и атмосферскиот притисок во долната обвивка на облаците е слична на оние на Земјата.

Ниту еден робот не успеал да слета на Венера уште откако во 1985 година тоа го сторил рускиот вселенски брод „Вега 2“. Намерата на оние кои стојат зад проектот „Венера-Д“ е да ја пополнат таа празнина, пишува РТ.

Овој проект Русија го предводи скоро две децении, а НАСА се вклучува во 2015 година и тогаш е формиран заеднички истражувачки тим. Освен слетувачи, се очекува мисијата да биде доопремена со орбитер, долготрајна станица и воздрушна платформа.

Засова вели дека платформата ќе биде опремена со специјален микроскоп кој ќе бара траги на бактериски живот во атмосферата на Венера. Техничките детали на самата програма допрва треба да бидат дефинирани, стои во извештајот.

Loading...

Заменик шефот на американско-рускиот комитет за проектот, Трејси Грег, изјавила дека најраниот датум за лансирање е 2026 година и дека е прашање дали тој датум ќе биде достижен.

Leave a Reply