Атина под снег, прекин на сообраќајот и затворени училишта

Сподели со своите пријатели

Атина денеска е покриена со снег, што предизвика прекин на сообраќајот и затворање на училиштата.

Loading...

Во главниот град на Грција, кој не е навикнат на сурови зими, училиштата и градинките денеска ќе бидат затворени поради невремето „Барбара“, кое за време на викендот го зафати северниот дел на земјата, пренесува Бета.

Владата ги повика жителите да се движат помалку и да работат од дома бидејќи сака да избегне повторување на хаосот предизвикан од обилните снежни врнежи минатата година.

Услугата на метрото до меѓународниот аеродром во Атина, кој се наоѓа на околу 30 километри источно од центарот, е прекината. Затворен е и патот кој води до аеродромот.

Во предупредувањата испратени до мобилните телефони, цивилната заштита наведува дека до пладне се очекуваат „обилни снежни врнежи“ на поширокото подрачје на Атина.

Испитите на факултетите се одложени, а супермаркетите, аптеките и бензинските пумпи ќе работат до 18.00 часот по локално време.

Ќе бидат затворени и судовите.