Атина Мургашанска носител на листата советници на СДСМ

Сподели со своите пријатели

Атина Мургашанска денеска е избрана за носител на листата на советници на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за Куманово на претстојните избори кои ќе се одржат на 15 октомври.

Мургашанска е претседателот на Унијата на жени на СДСМ Куманово, а воедно работи и во Севроисточниот плански регион.

Општинската организација на СДСМ Куманово вечерва ќе одржи и конференција на која ќе бидат донесени одлуките за совенитици, по сите денешни калкулации кои се вршат во партиското седиште. Делегатите на конференцијата ќе треба да се изјаснат за листата на советници, но и за кандидатот на градоначалник Максим Димитриевски.

Loading...