Астронаутите се вратија дома: Сојуз МС-06 слета на Земјата

Сподели со своите пријатели

Капсулата „Сојуз МС-06“ со тројца космонаути се врати од Меѓуанродната вселенска станица и слета во Казахстан, околу 146 километри југоисточно од градот Језгазан, изјавил денес неименуван извор од рускиот контролен центар.

Капсулата со рускиот космонаут Александар Мисуркин и двајцата астронаути на НАСА Џозеф Акбом и Марк Ваде Хајем, слетале во 05:31 часот по московско време.

Рускиот екипаж тргнал во потрага по капсулата.

Како што претходно изјавил помошнико командант на рускиот Централен воен дистрикт Јарослав Рошчупкин во операцијата за потрагата учествувале околу 250 војници, 12 хеликоптери и два авиони.

Leave a Reply