Астероид во среда ќе прелета близу Земјата

Сподели со своите пријатели

Во среда наутро, околу 07:30 часот по средноевропско време, големо небесно тело ќе мине близу Земјата. Тоа ќе биде најблизу што овој астероди ни се доближил над главата во шест последователни минувања на небото во последната деценија.

Loading...

Утре наутро големо небесно тело ќе помине близу Земјата. Астероидот 2013RV9, како што го нарекла НАСА, ќе биде одалечен 6.842.740 километри, што е релативно близу во вселенски релации.

Само за споредба астероидот во 2003 година на Земјата и се доближил на 54 милиони километри, а следната година на 57,. Последен пат кога астероидот прелетал над небото на Земјата, се случило во август минатата година, на приближна одалеченост од 34 милиони километри.

Се проценува дека широчината на астероидот RV9 е измеѓу 50 и 110 метри, а долг е 93 метри.

НАСА овој астероид го има класифицирано во категоријата НЕО, објект кој минува покрај Земјата. Колкава е веројатноста дека на своето постојано минување покрај Земјата, може да се залета во нашата планета? Скоро никаква, велат експертите на НАСА.

Впрочем, бидејќи патеките за таквите вселенски објекти можат да се предвидат години нанапред, на Земјата би и преостанало доволно време со постоечката технологија да ја промени насоката на објектот, вели НАСА:

RV9 следниот пат во близина на Земјата ќе биде виден во 2022, 2023 и 2014 година и уште низа пати до крајот на векот.

Leave a Reply