АСТЕРОИД КОЈ ГИ ЗБУНИ НАУЧНИЦИТЕ: Вакво нешто се уште немаат видено!

Сподели со своите пријатели

Астрономи од целиот свет се фрлија на проучување на вселенски објект каков до сега не биле во прилика да видат – астероид или комета која пристигнала од некоја друга ѕвезда.

Сите астероиди и комети кои досега ги откриле бил еод Сончевиот систем и се наоѓаат во орбитата околу Сонцето. Меѓутоа, минатата недела со телескоп на Хаваите откриле прв меѓуѕвезден објект, а се работи најверојатно за астероид или комета кој/а успеал/а да избега од гравитациските сили на некоја друга ѕвезда и да влезе во нашиот соларен систем.

Поради тоа A/2017 U1 се накуваат и вонезмјани. Се работи за објект со големина од 400 метри кој се вдижи исклучително брзо, односно 25,5 километри во секунда, што е три пати побрзо од астероидот 2012 ТС4 кој овој месец помина покрај Земјата. Поради сето ова астрономите ги насочиле телескопите кон патеката на овој астероид за да откријат што може да дознаат за него.

Прв го открил Роб Верик, истажувач од Институтот за астрономија на Универзитетот на Хаваите. Како вели за НАСА, неговото движење не можело да се објасни со нормална орбита за астероид или комета во Сончевиот систем. Со комбинирање на податоците од Европската вселенска агенција заклучиле дека објектот пристигнал надвор од Сончевиот систем.

– Тој има најекстремна орбита која некогаш сум ја видел, вели Дејвир Фарночиа од НАСА и додава дека има таква патека што на патот од Сончевиот систем нема да се врати. Стигнал од насока на соѕвездието Лира и скоро влетал директно во орбитата на планетите околу Сонецто. Минувајќи околу Сонцето, објектот засега е на патот кон соѕвездието Пегаза.

Loading...