Астероид голем како египетската пирамида минува крај Земјата

Сподели со своите пријатели

Огромен астероид со големина на египетска пирамида ќе помине утре покрај Земјата, потврди НАСА.

Loading...

Астероидот „2019 VR3“ (2019 WR3) НАСА го набљудувала 74 пати откако бил забележан на небото минатата недела.

НАСА верува дека вселенската карпа е висока меѓу 76 и 170 метри, и дека патува со брзина од 27.036 километри на час.

Астероидот ќе се приближи до Земјата денеска (петок), но астрономите пресметале дека нема да има непосредна опасност бидејќи ќе биде 5,44 милиони километри одалечен од Земјата.

Професорот Алан Фиксимонс, од универзитетот Квинс во Белфаст, ги повикува аматерските астрономи да ги именуваат потенцијално опасните астероиди што вреди да се набљудуваат.

„Еден ден ќе доживееме сериозно влијание на астероидот. Можеби не е за време на нашите животи, но природата одлучува кога ќе се случи тоа. Истражувањето на астероидите е област на астрономијата во која аматерските набудувачи продолжуваат да даваат важни придонеси”, рече тој.

Leave a Reply