Арсовска: Оваа власт се грижи за лицата со попреченост

Сподели со своите пријатели

„Лицата со попреченост се нашите соседи, пријатели, роднини. Тие живеат во нашето општество и се дел од нас. Секако очекуваат и им е потребна поддршка. Секој поединец е посебен и секој заслужува шанса и еднаква можност за остварување на своите права“, вели Александра Арсовска од Општинскиот штаб на СДСМ Куманово.

Loading...

Како што истакна таа, оваа власт се грижи за лицата со попреченост

– Воведовме право за надоместок за лица со интелектуална попреченост, го зголемивме надоместокот за скратено работно време до 50 % од просечната плата, воведовме право на траен надоместок за родител кој има дете со попреченост кое го остварува родител кој се грижел за детето до неговата 26 годишна возраст, сите деца со попреченост се извадени од институциите и се згрижени во групни домови, ја гарантираме персоналната асистенција и услугата за одмена во домот,  ангажирани се околу 300 образовни и лични асистенти за потребите на учениците со попреченост, изјави Арсовска.

Почитувањето на различностите и прифаќање на лицата со попреченост како дел од човечката разноликост, борбата против дискриминацијата, целосното и ефективното учество и нивното вклучување во општеството, пристапноста и еднаквите можности, како што вели Арсовска, се основните принципи врз кои како одговорна партија се залагаат и даваат целосна поддршка во нивно имплементирање.

– Во Куманово имаме организации кои се грижат за таквите лица, а ние како општество сме секако тука да бидеме рамо до рамо со нив да им помогнеме, да ги советуваме и да ги вклучиме во општеството бидејќи само заедно можеме да изградиме свет кој ќе биде поубав за секој од нас, додаде Арсовска.

Никола Ивановски

Leave a Reply