Аргентинските власти веруваат дека екипажот на исчезнатата подморница не преживеал

Сподели со своите пријатели

По седум дена активна потрага по исчезнататата аргентинска подморница излезе соопштение дека екипажот најверојатно е починат поради недостаток на кислород.

Имено, властите во Аргентина на семејствата на 44 челнови на екипажот им соопштиле дека веруваат дека морнарите најверојатно се веќе мртви, поради гушење, односно недостаток на кислород.

Тоа соопштение излезе набргу откако беше регистриран звук на експлозија.

Контактот со подморницата е изгубен во среда додека била на патот од пристаништето Ушуаја до градот Мар Дел Плата.

Аргентинската Воена морнарица соопшти дека забележала нешто што наликува на експлозија во близина на подрачјето во јужниот дел на Атлантскиот океан во време кога последниот сигнал од таа зона на 15 ноември бил упатен од подморницата „ARA San Huan“ со 44 членови на екипажот.

Ројтерс пренесува дека во соопштението пишува дека станувало збор за абнормален, единствен, краток, насилен настан кој немал нуклеарен карактер.

 

Loading...

Во потрагата по подморницата беа вклучени авиони и бродови.