Аргентинската полиција убила досега невиден нарко-курир (видео)

Сподели со своите пријатели

Аргентинската полиција убила гулаб писмоносец кој пренесувал дрога во затвор, наведуваат од затворот во градот Санта Роса.

„ВВС“ пренесува дека полицајците откриле дека птицата на себе има мал ранец со 55 таблети седативи, 7,5 грама марихуана и USB диск.

Тој начин на криумчарење бил забележан и претходно и се истражува, пишуваат тамошните медиуми.

Во тој магазин објавена е слика од мртвиот гулаб.

Аргентинската управа за затвори во 2013 година предупредила дека криумчарите користат гулаби кои изведуваат 10 до 15 летови на ден.

Кларин наведува дека по истрагата во 2013 година биле приведени тројца мажи и запленети 15 гулаби

Претходно годинава во Кувајт уапсен е гулаб кој носел 178 таблети од дрогата кетамин.

Loading...