Аргентинците ги „погребаа“ своите плати

Сподели со своите пријатели

Минималната плата во Аргентина е 334 американски долари, а синдикалната кошничка за четиричлено семејство е 817 долари.

Loading...

Некои жени дојдоа во црно со цветна круна на главите, други носеа преголем ковчег во поворка што минуваше низ улиците на Буенос Аирес. Не испраќаа лице до последното почивалиште, туку „погребот“ беше одржан за работничките плати во Аргентина.

Се очекува до крајот на годината инфлацијата во земјата да достигне ниво од 90% и да ја „изеде“ куповната моќ на просечниот аргентински работник и покрај повеќегодишните обиди на владата да го намали растот на цените.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

„Ситуацијата е погубна за работниците. Пред да стигнеме до средината на месецот, нема да ни остане ништо од платата, немаме доволно“, Мелиса Гаргарело, претставник на Фронтот за организации во потреба. која го организираше овој протестен митинг, изјави за Ројтерс.

Еден од демонстрантите носеше транспарент на кој се прикажува „историјата на болеста“ на платите во Аргентина, графички приказ на тоа како инфлацијата ја „изеде“ вредноста прикажана на платните списоци.

Додека поголемиот дел од светот се бори со едноцифрена инфлација, маките на Аргентина се во друга категорија.

„Умреа платните списоци“, пишуваше на еден од транспарентите во симболичната поворка која по минувањето низ улиците на главниот град на Аргентина го заврши своето патување пред Претседателската палата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Цветните круни што ги носеа жените носеа порака „Почивај во мир минимална плата“.

Loading...

Според официјалната статистика, минималната плата во Аргентина е 45.540 аргентински пезоси, што е еквивалент на 334 американски долари. Цената на синдикалната кошничка за четиричлено семејство е пресметана на 111.298 пезоси, или 817 долари, речиси два и половина пати повеќе од минималната плата.

Во јули, Аргентина забележа највисока стапка на инфлација во последните 20 години.

Последните напори на владата за борба против инфлацијата го вклучуваат назначувањето на нов министер за економија, Серги Маса, кому му беа дадени поголеми овластувања во обид да ја спречи инфлацијата. Аргентинците му го дадоа прекарот „суперминистер“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

„Денеска одржуваме симболично испраќање на платите, што ја покажува ситуацијата во која се наоѓаат сите работници во Аргентина“, рече Максимилијано Маита од Фронтот за организации во потреба.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.