Арам да ти е млекото со кое сум те доела!

Сподели со своите пријатели

По асфалтната лента на автопатот јури автобусот од Скопје за Куманово. Едноличниот такт на моторот им пречи на патниците да го преспијат ова кратко патување за да се одморат од пазарната скопска врева. Во последните седишта на автобусот се слушаше тивок разговор.

На двете последни места седеше една постара жена со еден човек. Од нивниот разговор дознавме дека старата жена и човекот што седенеше до неа биле пријатели.

– Бојано, како ти оди работата? – ја праша човекот жената.

Жената се правеше како да не го слуша. Пријателот уште еднаш ја запраша. Но, старицата гледаше напред. Нејзините очи беа упатени на едн силуета што седеше напред.

– Слушам Милане, и првиот пат кога ме праша добро те слушнав. Но, те молам не прашувај ме – одговори старицата продолжувајќи да гледа напред.

Човекот не можеше да ја сокрие својата љубопитност, беше упорен, сакаше да дознае што е на неговата пријателка.

– Бојано како ти се децата?

– Милане, не прашувај ме, не разгорувај ми ги моите болки. Сама сум, како ме гледаш. Одам во Скопје еднаш неделно и продавам нешто од покуќнината – зборуваше жената со еден тих галас и очи вперени напред.

– Бојано многу си остарела за овие две години откако не сме се виделе.

– Фала на господа кога сум жива. Но, што ќе ми го животот, се прашувам многупати. Сега не ми го треба. Сега сум сама.

– Па каде ти е синот? – нестрпливо ја прашуваше човекот што седеше до неа.

– Не го гледаш? Ене го напред во првиот ред. Тој откако се ожени, се оддели од мене. Сега мајка не му треба. Сега кога порасна и кога го изучив. А понапред додека да се ожени и додеак студираше во Скопје, секојдневно ми велеше дека нема да ме напушти никогаш. Откако му умре татко му, само за него живеев. Верувај, Милане, само за него работев да го изучам. А сега…

Две солзи ѝ потекоа на старицата низ лицето, но главата и погледот не ги свртуваше, го гледаше и понатаму почевокот што седеше во првиот ред.

– Не плачи, Бојано, тој е млад, ќе сепоправи, младите секогаш грешат, ќе си живеете пак заедно, залудно сакаше човекот што седеше до неа да и и ја ублажи болката на кутрата старица, на својата пријателка.

Никогаш на ум не ми паѓало дека во овие последни години од животот ќе се борам за секоја корка леб и ќе ја голтам со солзи, сама.

Автобусот пристигна. Настана мешаница меѓу патниците. Старицата излезе, го зеде својот голем куфер и со маки го донесе. Во моментот помина покрај неа еден млад човек со чанта под ракаа не обрнувајќи и никакво внимание.

– Арам да ти е млекото со кое сум те доила, синко, извикна старицата на човекот што помина покрај неа.

Извор: „Наш весник“ број 21 (сабота, 1 септември 1962. година)
Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ за дигитализација на „Наш весник“
фото илустрација

Leave a Reply