Apple пред суд поради намерно успорување на постарите модели

Сподели со своите пријатели

Една од најважните вести од технолошкиот свет претходната ндела секако е дека Apple ја успорува работата на процесорите кај старите модели на iPhone, а преку опции во iOS, за да наводно, ја сочува батеријата и спречи нејзино пребрзо празнење и гаснење на уредот.

Многумина се сложуваат дека ваквата пракса не е легална доколку компанијата не добила одобрение од корисниците, а тоа била доволна причина да се подигне тужба. Така софтверот на Apple кој ја успорува работата на iPhone 6, 6Ѕ и 7 би можел да се соочи со најмалку четири тужби во Соединетите Американски Држави, а во нив се наведува дека целта на компанијата е да се оневозможи работата на старите и корисни модели, за да така „мотивацијата“ за купување на новите се крене на повисоко ниво.

„Apple“ ќе исплати порез од 13 милијарди евра на Ирска

Loading...

Се наведува дека на тој начин се врши измама врз купувачите, кои платиле одреден уред, кој сега не може да функционира како што се очекувало.

Тужителите од компанијата очекуваат оштета, а во вид замена на старите модели за нови, за да се намали штетата која корисниците ја претрпеле, со оглед дека вредноста на старите уреди значително е намалена.