Апокалиптични сцени од поплавите во Србија (видео)

Сподели со своите пријатели

Вонредната состојба поради поплавите е прогласена во Чачак, Арилија, Лучани, Топола, Пожега, Ивањица, Бајина Башта, Крањево, Рашка, Нови Пазар…

Евакуирани се 59 лица од домаќинствата загрозени од поплавите, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија. Во Лучани 28 лица, Чачак-16, во Горњи Милановац 7, во Прибој-5, а во Нови Пазар-3.

 

Loading...

 

Освен тоа едно лице го загуби животот. Првата жртва на поплавите е Јак Тахири (76) од селото Дол од Ѓаковица, потврди портпаролот на оваа општина.

Голем број домаќинства се без електрична енергија. Припадниците на Секторот за вонредни состојби се секаде на терен, а ноќва во сите општини се организирани дежурства. Претседателот на општината Рашка, Игњат Ракитиќ прогласи вонредна состојба на тероторијата на таа општина.

 

 

Од поплавените подрачја во селата Коњевиќи и Прељина кај чачак до сега се евакуирани околу 420 луѓе чии куќи, помошни простории и ниви се поплавени.

 

https://www.youtube.com/watch?v=EqmgHm8XQNs

Loading...

 

Министерот за одбрана Зоран Ѓорѓевиќ донесе одлука за ангажирање на припадниците на војската на Србија која ќе им помага на надлежните органи на локалната самоуправа во поплавените подрачја.

 

 

Како што јавуваат српските медиуми Западна Морава и понатаму надоаѓа, загрозени се куќите, нивите, но и магистралниот пат меѓу Чачак и Ужице.