Апелот стигна до Спасовски: Полициските патроли околу ООУ „Кочо Рацин“ ќе бидат зајакнати

Сподели со своите пријатели

Министерот за внатрешни работи денеска беше во работна посета на СВР Куманово, но и на бегалскиот камп на Табановце.

Loading...

Во рамки на својата посета на СВР Куманово, денес во изјава за новинарите, Спасовски потенцираше дека апелот објавен на Кумановски Муабети а упатен од страна на вработените во ООУ ”Кочо Рацин” за зајакнато полициско присуство кај Центарот за лечење зависности во нас. Гоце Делчев е земен во предвид и таму ќе бидат распоредени дополнителни овластени службени лица, пренесува порталот Куманово Њуз.

Ќе преземеме сериозни мерки за заштита на оваа училиште и притоа најавив дека ќе побарам од Владата да се разгледаат можностите за дислокација на овој центар. Тоа е еден од клучните проблеми, превентивната контрола што ќе значи сигурност и безбедност на граѓаните на општина Куманово, обврска што мора да ја имаме во СВР, вели Спасовски.

Спасовски додаде дека во овој момент состојбата е стабилна и безбедна, и граѓаните на Куманово може да останат спокојни.

Во агендата на министерот Спасовски освен СВР Куманово, беше и граничниот премин Табановце и Прифатниот центар за бегалци на железничката станица каде дневно поминуваат по илјада бегалци од Авганистан, Сирија и Ирак.