Апел за помош на самохрана мајка од Куманово

Сподели со своите пријатели
Татјана Василевска од Куманово е самохрана мајка која живее со својата 6-годишна ќеркичка во многу тешки услови. Како што објави порталот Се за деца, Василевска нема вработување и живее без никакви приходи, а понекогаш нема доволно средства за да го помине денот.
На неа и на нејзината ќерка им се потребни храна, облека, средства за хигиена, материјална помош, средства за домаќинство. Пред се` и е потебно вработување, за да може да застане на свои нозе и сама да се грижи за својата ќеркичка, пишува во објавата за самохраната мајка од Куманово.
Граѓаните кои сакаат да и помогнат со храна, облека, средства за хигиена или вработување, можат да ја побараат на 075-945-211.