Апел од дирекцијата за заштита и спасување до граѓаните за спречување пожари

Сподели со своите пријатели

Со цел во периодот на високи температури да се намали опасноста од настанување и ширење на пожари на шуми и дуги отворени простори, Дирекцијата за заштита и спасување апелира до граѓаните и правните лица:

  • Да не се пали оган во шуми, на отворен простор и на необезбедени места

  • Да не се палат стрништа, меѓи и други површини

  • Да не се фрлаат стаклени шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад

  • Да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал

  • Да не се дрлаат остатоци од цигари

  • Да се коси и отстранува сувата трева и друга сува вегетација

  • Земјоделската и друга механизација да биде технички исправна и опремена со пропишаните средства за почетно гаснење на пожари

Во случај на опасност од настанување или веќе настанат пожар, граѓанинот е должен да ја отстрани пасноста, односно да го изгасне пожарот, а доколку тоа не е во можност да го стори, веднаш да ја извести Територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонски број 193, Полицијата на 192 или во Регионалниот центар за управување со кризи на телефонскиот број 195.